ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕМИР ХИСАР ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19
Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски информира дека е позитивен на ковид-19. Тој вели дека и покрај тоа што ги почитувал мерките добив позитивен тест на новиот коронавирус.
„И покрај сите препорачани мерки од надлежните здравствени институции за заштита и превенција од корона вирусот, каде доследно ги почитував и во целост ги применував, после денешниот тест за ковид 19, сум позитивен. Од вечерва ќе бидам во изолација и сите службени обврски и работни активности ќе ги извршувам од домашни услови“,
напиша Стојановски на Фејсбук.
Тој упати апел до граѓаните да останат дисциплинирани и совесни, со цел искоренување на пандемијата.