(Видео) Големата македонска Бугарка, писателката Благородна Божинова беше удостоена со спломен-плоча во Софија
Бугарската писателка, јавна личност и патриот Благородна Божинова беше удостоена со спомен-плоча пред нејзиниот дом во Софија На плочата стои пораката „Плативме со себе да останеме Бугари“.
Пред 100 години, на 14 март, во петричкото село Игуменец е родена бугарската писателка, јавна личност и патриот Благородна Божинова. Нејзиното семејство потекнува од Струмица, Вардарска Македонија. Нејзиниот татко бил учител убиен од српскиот окупатор. Нејзината мајка починала една година по него и оставила четири деца сирачиња, јавува БГНЕС.
Благородна Божинова беше одостоена со спомен плоча пред нејзиниот дом во Софија, каде што живеела меѓу 1968 и 2000 година. Споменот за неа ги собра нејзините роднини и пријатели – Бугари од сите страни, кои останаа надвор од границите на слободна Бугарија.
Во 1947 година Благородна оди да студира на Универзитетот во Скопје, во тогашна Титова Југославија. Потоа наместо да се врати во Бугарија и да твори, таму ја пречекува бруталноста на југословенската тајна полиција – УДБА.
По завршувањето на студиите, таа ја одбила понудата на УДБА да се декларира како „македонка“, да добие државјанство и да остане во Југославија. Во 1954 г е уапсена под обвинение за „шпионажа. Две години од нејзината младост биле потрошени во концентрациониот логор Герово.
Во 1956 г добива дозвола да се врати во Бугарија. По 1989 година ги објавува своите мемоари за злосторствата на Белград.
„Оваа книга ја посветувам на луѓето кои бранеа различни идеи, но и останаа верни на БУГАРИЈА“, напиша Божинова во предговорот на книгата „Исповед од Титовиот рај“, објавена во 1992 година.
Нејзината ќерка Неолина се надева дека ова мало парче спомен ќе остане за идните генерации: „Да се знае и запомни дека има големи Бугари, но ние малку знаеме за нив“.
Новинарот Иван Николов се сеќава дека Благородна била и физички и морално стабилна личност која не била скршена и покрај сите неволји. Човек кој под никакви услови не се откажал од својата бугарска национална суштина.
„Таа е еден од оние херои кои ја создаваат атмосферата, што ја движи нацијата напред“, нагласи тој.
Благородна Божинова за весникот „Бугарија“ изјави: „За Југославија се зборуваше дека изградила нов тип на социјализам… но Србите не го разбрале овој ентузијазам. Сакаа само да нѐ посрбат. Бидејќи ја сакавме нашата земја, не затворија“.

