| |

ШТО БИ ЗНАЧЕЛО ВМРО ВО 21-ОТ ВЕК?

Во овие денови кога нашата татковина се наоѓа на крстопат и повеќе од сѐ потребен е национален консензус, често си го поставувам прашањето што би значело по содржина и по смисла ВМРО во 21-от век.

Што би значела кратенката ВМРО ако ги прифатиме принципите, начинот на мислење, идејата и каузата на основачите на организацијата и сите оние дејци низ годините кои ги положиле своите животи за слободата за Македонија?

Можеби ВМРО денеска би значело, Верба, Морал, Родољубие, Одговорност. Принципи кои во 21-от век и особено кога станува збор за политика се огромна реткост за жал.

Во оваа кратенка тешко дека би се препознале голем дел од раководителите на ВМРО-ДПМНЕ, како и сегашните така и оние претходните.

Организацијата и нејзиното дело треба да бидат чувани како светлината, бидејќи точно тоа е онаа искра која што пред 126 години го дигна духот на нашиот народ да се спротистави на ропството. Ако пред толку многу години во едно друго време и други услови, ВМРО имало потреба да биде револуционерна организација и да ги користи методите на насилство, тероризам, атентати, денеска во слободна, самостојна и независна Македонија треба да се насочи кон новата содржина на ВМРО- Верба, Морал, Родољубие и Одговорност!

И за потсетување на денешниве „патриоти“ пред 112 години по време на битката на Ножот, војводите и комитите не решија да го напуштат врвот или да избегаат туку останаа и се бореа до последна капка крв за своите идеали.

Бегањето е прекрасна форма на демонстрација на молчелива согласност. Ова не е многу достојно како решение, но заслужува поздравување.

Автор: Петар Колев, претседател на Граѓанско демократска унија-ГДУ

Слични Објави