| |

Ново одложување на судското рочиште за претепувањето на Христијан Пендиков

Делото во Основниот суд во Охрид за претепувањето на секретарот на забранетото здружение „Цар Борис III” повторно беше одложено, јавува БТА.

На денешното рочиште требаше да бидат слушнати завршните зборови на обвинението и одбраната на Илија Спасески и Борче Ангелов. Но, пред тоа обвинителката Ковачевска побара прецизирање од страна на Обвинителството во кое од начинот по кој што се извршено тепањето да отпадне зборот боксови а тоа му даде повод на адвокатот Цобоски да побара одложување на делото за да се запознае со новиот текст на обвинението.

Пендиков беше претепан во вечерните часови на 19-ти јануари 2023 година , пред локал во Охрид. Во обвинението стои дека му е нанесена тешка телесна повреда поради етничка омраза.
Новото рочиште по случајот е закажано за 5-ти март.




Слични Објави