Во минатата година 1.698 државјани на Република Северна Македонија добиле бугарски пасоши
Речиси 1.700 Македонци во 2024 година добиле бугарски пасоши, покажува најновиот извештај на Комисијата за бугарско државјанство, којшто го пренесуваат бугарските медиуми. Во него се наведува дека најголем број државјанства се доделени врз основа на бугарско потекло или натурализација, пренесува DW.
Најголем број од оние кои добиле државјанство на Бугарија во 2024 година биле од Украина (2.436), потоа Турција (2.163), Молдавија (1.887), Северна Македонија (1.698), Албанија (1.328), Србија (847), Русија (474), Израел (260), Сирија (150) и Аргентина (108).
