НОВОРОДЕНЧЕ ПРОНАЈДЕНО НА ТРОТОАР ВО ТОПАНСКО ПОЛЕ

Тукушто роденото машко бебе кое вчера беше оставено на улица во Топанско поле е стабилно и во добра здравствена состојба, информираат од Клиниката за детски болести.

Бебебто вчера со возило на итната медицинска помош во попладневните часови било однесено на Детската клиника.

Било сосема голо, како и што било оставено во треват, и веднаш било ставено во инкубатор по што му била дадена и соодветна терапија, појаснува директорката на Детска клиника, Катаерина Ставриќ во телефонски разговор за Канал 5.

Вели дека новороднечето на свет најверојатно било донесено вечра. Лекарите тоа го утврдиле по папочната врвца, која била пронајдена во паркот каде што било оставено беспомошното бебе.

  • Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2400 грама. Згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки во вакви случаеви.

Бебето било пронајдено од случаен минувач, кој го слушнал плачот и веднаш ја алармирал полицијата и повикал брза помош.

Од Детска клиника велат дека досега не се соочиле со ваков слчучај – тукушто родено бебе да биде оставено во крајно несоодветни услови на улица. Од полиција работат на откривање на идентитетот на мајката и околностите во кои новороденчето било оставено сосема само во парк во Топанско поле.

Извор: Канал 5