ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ МАНИПУЛИРА И СИ ПОИГРУВА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Вести Истакнато Македонија

СДСМ манипулира и си поигрува со пензионерите во Република Македонија. Власта со својата лицемерна политика гази врз над 310.000 пензионери и им го крати правото на повисоки пензии.

Секогаш кога СДСМ е на власт удира по џебот на пензионерите. СДСМ додека беше опозиција ветуваше повисоки пензии, а сега од позиција на власт кога имаше можност да овозможи реално покачување на пензиите одби да го стори тоа.

Пратениците на СДСМ на Комисијата за труд и социјална политика наместо да работат во корист на граѓаните, тие одлучија да застанат позади партиските интереси и го одбија предлог законот со кој се предвидуваше враќање на старата методологија за усогласување на пензии со која пензиите навистина ќе растеа.

СДСМ со овој несериозен и лицемерен потег создава сериозен удар врз животниот стандард на пензионерите и наместо да им донесе живот како што ветуваше им носи беда.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело и ќе продолжи да работи во интерес на пензионерите. Додека беше ВМРО-ДПМНЕ на власт се донесоа голем број на мерки и проекти за подобрување на животот на пензионерите.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ континуирано ги зголемуваше пензиите па така најниската пензија порасна за 106% односно од 4.330 денари во 2006 година, се покачи на 8.895 денари, додека пак просечната се покачи за 80% и од 7.684 денари стигна до стигна до 13.754 денари.

Токму затоа пензионерите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш работи за нив, а СДСМ работи спротивно на нивните интереси.

СДСМ докажа дека не се грижи за животот на пензионерите. Негрижата и поигрувањето на СДСМ со пензионерите мора што побрзо да запре. СДСМ мора да си оди, за да се врати достоинството на македонските пензионери, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.