Нуредини: Поголема енергетска независност и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија
На маргините на климатскиот самит, COP27 министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси Џефри Пјат, директорката на американската EXIM банка Рета Џо Луис и министерот за енергетика на Романија Вирџил Даниел Попеску.
На средбата, како што информираат од МЖСПП, се разговарало за актуелните регионални енергетски прашања, за плановите за воспоставување регионален пристап и постигнување на поголема енергетска независност.
Во таа насока била нагласена потребата од паралелно поддржување и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија.
На средбата романскиот министерот Попеску информирал за проектот за малиот Модуларен нуклеарен реактор што се гради во Романија.