О. ЈАНЕСКИ: НЕМАМ ЗБОРОВИ ЗА ХАВАРИЈАТА КОЈАШТО ЈА НАПРАВИ ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА
„Никако да успеам да најдам зборови за хаваријата којашто ја направи Законот за амнестија, кој синоќа го донесе Собранието на РМ. Таков удар врз системот и ставање канџа во правосудниот систем на државата е сериозен проблем. Упадот на 27 април беше “надминат” со упад врз правдата, таму каде што Владата не смее да задира никогаш! Страшен чекор, кој придонесува за насочување кон неказнивост и непочитување и на основинте начела за едно општествено кохабитирање. Ова општество ќе продолжи да кризира на овој начин. 🙁
Влада на РМ и СДСМ сосе коалицијата – срамно! Многу срамно!“- напиша на својот facebook профил познатиот водител и активист Огнен Јанески.

