|

„Образовните работници сакаат промени и достоинствен статус во општеството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Вчера во Гостивар се одржа средба на општинската и централната комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ. На истата присуствуваше и претседателката на ЦКОН Проф. д-р Весна Јаневска и пратеничката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, извести ВМРО-ДПМНЕ.

„Образованието, како темел на општеството, со актуелната власт, стаса до маргините на опстанок“, велат просветните работници од Гостивар.

„Професорката Јаневска им ја промовираше нашата кандидатка за претседател Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и говореше за сета штета која оваа власт ѝ ја нанесе на образованието. Дафина Стојаноска им порача дека сето ова има шанса да се измени, а првата е на 24-ти април, кога токму овие луѓе треба да ја поддржат една од најугледните универзитетски професорки во Македонија и надвор“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави