|

Лидерите на самитот на НАТО се загрижени за здравјето на Бајден и можното враќање на Трамп

Европските лидери внимателно ќе го следат американскиот претседател Џозеф Бајден на самитот на НАТО во Вашингтон, бидејќи неговиот несигурен настап во ТВ дебата со ривалот Доналд Трамп ја зголеми веќе постоечката загриженост кај Европејците кои ги гледаат САД како „непредвидлив сојузник“, пишува Гардијан.

Самиот Бајден се надева дека неговата лидерска улога на самитот може да ја спаси неговата кампања од Трамп, во услови на бранови загриженост за возраста и менталната состојба на претседателот.

Некои европски претставници, сепак, изразија загриженост во приватни разговори за неизвесниот јавен настап на Бајден, како и големата веројатност Трамп да добие втор мандат.



Слични Објави