Од денеска мерките стапуваат во сила, штедете струја

/

Во пресрет на прогнозираната тешка зима во време на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна, започнуваат мерките за штедење на електрична енергија во државните институции. Но и во домаќинствата.

Препораките за домаќинствата се:

– Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока.
– Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски температури.
– Користете ги разумно грејните тела во вашиот дом.
– Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.
– Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.
– Не ги блокирајте и не ги покривајте грејните тела со мебел или завеси. Ако грејното тело е покриено, тогаш тоа помалку емитира топлина и помалку ја затоплува просторијата.
– Користете ја машината за миење садови секогаш полна на ниска тарифа на електрична енергија..
– Машината за перење алишта користете ја секогаш кога е полна и во време на ниска тарифа на електрична енергија.
– Исклучувајте ги светилките во просториите во период кога подолго време не престојувате во нив.
– Исклучувајте го компјутерот по завршувањето на работата со него.
– Исклучувајте ги полначите за батерии од приклучниците (лап-топ, мобилни телефони).
– Гответе во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата.
– Заменете ги старите сијалици (со вжарено влакно) со компактни флуоресцентни сијалици или други соодветни со ознака за повисока класа на енергетска ефикасност.
– Редовно менувајте ги филтрите на уредите за греење и на клима уредите во вашиот дом.
– Користете енергетски ефикасни (CFL, LED) сијалици.
– Поставете туш со малo протекување на вода во вашите купатила.
– Изолирајте го таванот во вашиот дом и подобрете ја изолацијата на надворешните ѕидови.
– Изолирајте ги добро прозорците и надворешната врата во вашиот дом или заменете ги со нови кои имаат подобри карактеристики во однос на пренос на топлина (низок коефициент на топлопроводливост).
– Намалете го навлегувањето на надворешниот воздух во објектот (процепи, пукнатини итн)
– При купувањето на нов производ преферирајте тој да биде со највисока класа на енергетска ефикасност (A+++, A++, А+, А). Уредот со повисока класа на енергетска ефикасност троши многу помалку енергија, а со тоа и пари во однос на уред кој што е означен со пониска класа на енергетска ефикасност.
– Исклучете го декоративното осветлување на фасадите на приватните објекти.
– Не користете осветлување на внатрешните простории кога има доволно дневна светлина.
– Во сезона на ладење подесете ја температурата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени.
– Доколку е возможно инсталирајте на колекторски системи за загревање на вода.
– Користете скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија,
– Користете го клима уредот кога навистина е потребен и температурата прилагодете ја на разумно ниво.
– Кратко и интензивно проветрувајте ги просториите .
– Доколку имате финансиски средства на располагање, подобрете ја енергетската ефикасност преку промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на енергетската ефикасност на системите за греење и ладење, инвестирајте во фотоволтаични системи.
– Полнење на батериите на електричните тротинети во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја).

„За домаќинствата и компаниите се предвидени само препораки, а за инстутциите се предвидени конкретни задолженија. Целта е да се постигне 15% помала потрошувачка во однос на истиот месец од претходната година. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат санкции за институциите – рече министерот Бектеши.

Државните објекти кои се во сопственост на централната власт се задолжени да го исклучат декоративното осветлување на фасадите. Не смее да се користи светло внатре во објектите во период кога има доволно дневна светлина. Во јавните објекти во сезона на ладење температурата да се мести не пониско од 27 степени, односно во сезоната на греење не повисоко од 20 степени.

– Кратко и интензивно проветрување, исклучување на осветлувањето, да се исклучат сите компјутери по завршување на работата. Да се печатат само неопходни документи, редовно да се менуваат филтрите на грјените тела, се препорачува менување на ПВЦ-прозорци каде што е можно. Ќе треба институциите да имаат ангажирано лица кои ќе се грижат дали ова ќе се спроведува. Раководителите секој месец ќе достсуваат извештаи до Владата за потрошувачката на енергија. Овие задолженија ќе стапат на сила од 1 септември 2022 се до 31 март 2023 година – додаде тој.



Во делот на јавните патишта треба да се намали осветлувањето до минимален сигурносен обем на осветлување улици, плоштади и други објекти.

Извор: zoom.mk



Претходна статија

Три лица повредени во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип – Радовиш

Следна статија

БЕГ испратила „изгор сметки“ за топлинска енергија, Бислимовски бара тие да бидат сторнирани

Најново од Вести