ОД ЈУНАЈТЕД ПОТВРДИЈА: ВО ЈАНУАРИ ПРИСТИГНУВААТ НОВИ ИМИЊА НА „ОЛД ТРАФОРД“!

Екипата на Манчестер Јунајтед ќе се обиде да купи нови фудбалери во зимскиот трансфер рок. Оваа вест ја потврди и помошникот на Оле Гунар Солшер, Киран Мек Кин, кој работи како тренер во редовите на „Црвените ѓаволи“.

Според него, Јунајтед има за цел да се врати таму каде што припаѓа, па затоа потребна му е „свежа крв“ во тимот.

Откако Сер Алекс Фергусон го напушти „Олд Трафорд“ во 2013 година, Јунајтед е „мртов“, а ниту Дејвид Мојс, ниту Ван Гал, ниту Мурињо, не успеаја да дојдат до титулата, пред да го превземе менаџерското столче Солшер пред една година.

Ќе растеме како тим и ќе се развиваме. Ќе донесеме нови играчи кои можат да му помогнат на тимот во иднина. Сите во клубот мислат дека сме на вистинскиот пат, истакна Мек Кин.

Јунајтед во моментов се наоѓа на 6. место во Премиер лигата со 25 бода и се уште е конкурентен во борба за местата кои водат Лига на шампиони.

Извор: Спорт1



Слични Објави