|

Од Кабул евакуирани сите наши граѓани, наскоро пристигнуваат и цивили од Авганистан

Сите наши државјани кои биле пријавени за евакуација од Кабул, веќе го имаат напуштено Авганистан. Наскоро се очекува и пристигнувањето на цивилното население кое треба да биде сместено во земјава. Според власта, прифаќањето на авганистанските цивили во земјава е прашање на принципи, вредности и хуманост, а за опозицијата погрешен потег е да се примаат многу повеќе бегалци од Авганистан од побогатите држави.

„Според последните информации кои утрово се пристигнати од нашата дипломатска мрежа, најголемиот дел, или 39 наши граѓани се наоѓаат во Свиндон, Велика Британија, од каде по неколкудневниот карантин, согласно епидемиолошките правила на земјата, ќе бидат упатени за дома; во Осло, Норвешка се наоѓаат седум наши граѓани, кои исто така согласно епидемиолошките мерки на земјата домаќин се наоѓаат во неколкудневен карантин, по што наскоро ќе бидат упатени дома. Последно, 27 наши граѓани се наоѓаат во воената базата на САД во Доха, Катар и се на безбедно. Трансферот на овие граѓани кон Европа сѐ уште не одреден и се прават дополнителни напори и со катарските власти, и со администрацијата на САД, за нивно скорешно упатување кон Скопје“, посочија од МНР.



Слични Објави