| |

ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ НАЧАЛНИК НА СВР ВЕЛЕС, ИГОР АНГЕЛОВСКИ

Игор Ангеловски, поранешниот началник на СВР Велес, почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последици од Ковид-19.

Ангеловски бил хоспитализиран на велешкото инфективно одделение на 7. октомври, а потоа му се влошила состојбата, и бил префрлен на скопска клиника. Претходно неколку дена минал на респиратор. Почина на 41. година, и со тоа стана најмладата жртва на Ковид-19 во Велес.

Ангеловски беше началник на СВР Велес оваа година од 10 јануари до 27 јули, кога функцијата министер за внатрешни работи ја извршуваше Наќе Чулев.

Ангеловски е 25-тата жртва од Велес на коронавирусот од почетокот на епидемијата. Само во текот на минатата недела до сега починаа 10 лица од овој град.



Слични Објави