| |

ОД СВР ТЕТОВО И ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВЕЛАТ ДЕКА ПОРАНЕШНИОТ ВОЗАЧ НА ХАЗБИ ЛИКА СЕ САМОУБИЛ

Извршен е увид од страна на екипите на СВР Тетово и јавен обвинител по што е констатирано дека станува збор за самоубиство на лицето Ф.Т (57). Самоубиството е потврдено и од јавниот обвинител, информираат од СВР Тетово.

Случајот во тетовската полиција е пријавен во 11 часот. Човекот бил вработен во општина Тетово.

Инаку, претходно беше објавено дека лицето е поранешен возач на Хазби Лика и во моментот бил вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово.

Порано денес колегите од Алсат М објавија дека на стаклото од автомобилот се пронајдени дупки од огнено оружје, но сеуште не е познато дали станува збор за убиство или самоубиство.

Слични Објави