ВМРО ДПМНЕ : СДСМ ГРАЃАНИТЕ ГИ СМЕТА САМО ЗА СТАТИСТИКА
ВМРО-ДПМНЕ е повторно на терен. Повторно сме се со граѓаните денеска имаме одлична можност тука во Бутел да поразговараме со граѓаните. Да ги слушнеме нивните мислења и секако да видиме она што е најважно за нив, и секако на сите политички теми што се актуелни.
Секако референдумот е главна тема овој период и знам неколку дена веќе завршува овој изборен односно референдумски период каде што гледаме само еднострани пораки.
Од една страна слушаме владини претставници велат дека независно колку граѓани ќе излезат они сепак повторно ќе продолжат во Собрание.
Прашањето дали они ги сметаат граѓаните само за статистика.
Од друга страна доколку не е важно за нив, зашто овие сите пари што се фрлени односно се употребени за кампања, зашто со тие пари не се изградени градинки? Зашто со тие пари не се изградија болници? Зашто навистина не беа за граѓаните? Ако не ги интересира мислењето на граѓаните зашто толку кампања толку многу средства се потрошија само за да граѓаните изиграваат статистика.
Се надевам дека оваа влада ќе почне да работи. Оваа влада е поставена само за едно прашање за да спроведе се она што државата го има, што е вековно, што е национално. Поставена само за лоши работи.
Конечно некој да почне да работи, денеска можеме да видиме дека капиталните инвестиции ги нема. Дека има пад во економијата како никогаш до сега. Ништо не се работи, се кочи, а слушаме изборни ветувања.
Слушаме повторно како ќе покачувале пензии. Слушаме како повторно се нешто подобро ќе направеле, а забораваат дека се они влада.
Заборавале дека ветиле пред година ипол многу работи но ништо од тоа немаат. 500 евра од плата, нема 500 километри автопати и така натака.
Затоа ќе им порачам доста го лажете македонскиот народ и фатете се за работа, а од друга страна Македонија ќе биде вечна и граѓаните подобар живот но навистина оној што и следува, а не со лаги и манипулации, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.