САМО 3% ОД ГРАЃАНИТЕ ГО ПРОЧИТАЛЕ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

//

Иако веќе скоро и децата имаат оформено свој став, а дебатите и препукувањата во врска со содржината и последиците од Договорот од Преспа не стивнуваат, истражувањето на јавното мислење кажува дека само 3% од македонските граѓани некогаш ја прочитале неговата содржина: или, маттематички, од 1000 испитани само 32 тврделе позитивно.

Во испитувањето кое за Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка го спровела агенцијата „М-проспект” во периодот од 24-ти јули до 1-ви август 2018 година, 84 отсто од испитаниците изјавиле дека се запознаени со договорот, од кои помалку од 20 отсто сметаат дека се целосно запознаени, додека 28 отсто се само делумно или воопшто не се запознаени со Договорот со Грција.

И покрај тоа што дури 84 отсто од испитаниците изјавувиле дека се запознаени со Договорот, степенот на запознаеност со неговите одредби се вижи од нешто помалку од 20% кои сметаат дека се целосно запознаени, до 28 отсто кои се само делумно или воопшто не се запознаени со Договорот.

На прашањето од каде се информирале за договорот, големо мнозинство (73%) изјавиле преку медиумите, потоа од социјални мрежи (14%), а 6 отсто од пријатели. Мора да се подвлече цифрата од само 3 отсто кои изјавиле дека се запознале од самиот договорот – односно само 32 од испитаниците го прочитале Договорот со Грција.



На контролното прашање – испитаниците да посочат како во Договорот е дефинирана националноста (државјанството), само 17% го навеле точниот одговор (Македонци/граѓани на Република Северна Македонија).

Текстот на Договорот на македонски јазик можете да го прочитате ТУКА.

Извор: Рефлектор, МЦМС



Претходна статија

КАДЕ БЕВТЕ “ЛИДЕРИ” КОГА ТРЕБАШЕ ?

Следна статија

СУДОТ ГО ОДЗЕДЕ ПАСОШОТ НА СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ

Најново од Вести