ОД ТИМОТ НА НЕСТОРОВСКИ НЕЗАДОВОЛНИ ОКОЛУ РЕСТАРТОТ НА СЕРИЈА А: ОВА Е ЛУДИЛО!

/

Се повеќе луѓе се за тоа да не продолжи сезоната во Серија А, а еден од нив е и директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино.

Тој јавно изради незадоволство од одлуката за продолжување на Серија А на 13 јуни, која беше суспендирана поради пандемијата на коронавирус, а воедно оваа земја беше една од најпогодените.

Ако 13 јуни биде одобрен како датум за рестарт на Серија А, тогаш ова ќе биде апсолутно лудило за играчите и клубовите. Нашиот став е дека треба да се вратиме на теренот само кога ќе се гарантира безбедноста на играчите и персоналот, па дури и да не продолжи сезоната, изјави Марино за „Радио Раи 1“.



Од 18 мај на тимовите во Италија им е дозволено да изведуваат групни тренинзи, а за овој тим треба да излезе на зелениот терен и нашиот репрезентативец Илија Несторовски.

Извор: Спорт1

Претходна статија

ТРАМП ЈА НАПАДНА КИНА ОБВИНУВАЈЌИ ЈА ЗА „МАСОВНИ УБИВСТВА ШИРУМ СВЕТОТ“

Следна статија

ИГУМЕНОТ НА БИГОРСКИОТ МАНАСТИР, ОТЕЦ ПАРТЕНИЈ, ИЗБРАН ЗА НОВ ЕПИСКОП НА МПЦ-ОА

Најново од Вести