ОД УТРЕ ОТВОРЕНИ ИГРАЛИШТАТА НА ПЕСОК НА ГРАДСКА ПЛАЖА ПАРК

//

Град Скопје, ги известува граѓаните на Скопје, дека од утре (09.06.2018, година, сабота) ќе бидат отворени за користење одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“.

Сите заинтересирани граѓани, ученици, студенти, рекреативци, спортски клубови и здруженија на граѓани можат бесплатно да спортуваат и да рекреираат на овие игралишта на песок.

Спортските терени Градска плажа „Парк“, ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.

Закажувањето може да се врши секој ден на самите игралишта во горенаведениот период и на телефонскиот број за контакт 072/ 258- 441, во периодот од 10 до 23:30 часот.

Терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час.



Дојдете да се забавувате, рекреирате, спортувате и уживате на Градската плажа „Парк“ во Скопје.



Претходна статија

СЕМИНАР НА ТЕМА „СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ И ОДАНОЧУВАЊЕ НА УМЕТНИЦИТЕ“

Следна статија

ЛИКОВНАТА УМЕТНИЧКА ГОРДАНА ХАЏИ-НИКОЛОВА ЌЕ ПРЕТСТАВИ СВОИ ДЕЛА ВО КАВАРНА БУГАРИЈА

Најново од Вести