СЕМИНАР НА ТЕМА „СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ И ОДАНОЧУВАЊЕ НА УМЕТНИЦИТЕ“

/

Град Скопје и Конгресен центар „Александар Македонски“ денеска во Салата на Советот на Град Скопје организираа семинар и дебата на тема „Социјално осигурување и оданочување на уметниците“.

Овој семинар е организиран во рамките на европскиот проект КРЕАРТ (CreArt) којшто се спроведува преку Мрежата на европски градови за уметничко творештво.

На отворањето на семинарот се обрати Претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

– Несомнено, уметникот, уметничкото творештво и уметничката позиција, за да постојат и за да бидат верификувани, потребна е поддршка и од владините, невладините и од научните институции и организации, на локално и на национално ниво. Социјалното осигурување и оданочување на уметниците, се едни од нивните поголеми проблеми, на кои и Град Скопје е сведок. Во тој контекст Град Скопје ја дава својата поддршка за работа и на уметниците, и на кураторите и на менаџерите во културата, а презема и соодветни чекори за поголемо проникнување на развојната линија во уметноста и културата. Град Скопје, ќе ги очекува и силните препораки и од владините, невладините и од научните институции и организации, кои ќе произлезат од денешниов семинар, кои ќе послужат како суштествени насоки за преземање понатамошни чекори за амортизирање и релативизирање на посочените социјални, социолошки и даночни проблеми, присутни кај уметникот, уметноста и културата – кажа Јанчева.

На семинарот учество зедоа претставници на проектот Креарт, професори од Економскиот факултет при УКИМ, како и уметници и претставници на поголем број здруженија и синдикати од областа на уметноста.



На семинарот се дискутираше за состојбата на уметниците, постојните механизми за стимулирање и помагање на уметничкото творештво на самостојните уметници, улогата на здруженијата на уметници во заштитата на авторските, економските и социјалните права на уметниците и многу други теми.

Град Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претставува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми.

Лидер на проектот е градот Валадолид од Шпанија, а проектот го сочинуваат 12 партнери.

Претходна статија

КРЕАТИВНОСТА НА КАРПОШ НА СЦЕНАТА НА МОБ

Следна статија

ОД УТРЕ ОТВОРЕНИ ИГРАЛИШТАТА НА ПЕСОК НА ГРАДСКА ПЛАЖА ПАРК

Најново од Истакнато

Невладини организации на македонски Бугари од РС Македонија со осуда за срамниот говор на омраза кон Бугарите и Бугарија на фудбалскиот натпревар меѓу РС Македонија и Бугарија во Скопје

Претставници на 10 граѓански здруженија на граѓани на РС Македонија, со бугарска национална самосвест, испратија писмо