Министерот за образование и наука на Бугарија проф. д-р В’лчев: Со настани како „Алеја на книгата“ да ја вратиме нормалноста во читањето
„Се надевам дека со настани како „Алеја на книгата“ ќе ја вратиме нормалноста во читањето“, изјави бугарскиот министер за образование, проф. д-р Георги В’лчев, на денешното отворање на книжевниот саем во паркот пред Националниот дворец на културата во Софија, јавува БТА.
Според В’лчев, читањето е исклучително важен дел од животот на современиот човек, а ваквите настани ги поттикнуваат средбата со книгата, текстот и авторот.
„Книгата е дел од нашиот свет, од градењето на личноста и секогаш ќе биде таква“, нагласи министерот.
Тој посочи и на значењето на возрасните во создавањето читачки навики кај децата, оценувајќи дека токму таквата врска може да придонесе за иднината на општеството.

