| |

Денеска покрај тврдината Русокастро ќе биде откриен споменик на бугарскиот цар Иван Александар

Денеска во 12:00 часот ќе биде откриен споменикот на бугарскиот цар Иван Александар до тврдината Русокастро, јавува БГНЕС.

Неговата изградба ја изврши иницијативен комитет со членови: Желјо Вардунски – градоначалник на општина Камено, проф. Марија Нејкова – регионален управител на регионот Бургас, Руси Куртлаков и д-р Милен Николов – директор на Регионалниот историски музеј – Бургас.

Ова е првиот споменик посветен на владетелот од Второто бугарско царство. Овде царот Иван Александар ја извојувал победата против трупите на византискиот император Андроник III. Тој е меѓу последните бугарски цареви на средновековна Бугарија пред да царството да потпадне под турска власт. Споменикот е направен од камен варовник и тежи 3,5 тони. Изработен е од скулпторите Даниел Канчев и Атанас Стојанов.

Слични Објави