ЛИКОВНАТА УМЕТНИЧКА ГОРДАНА ХАЏИ-НИКОЛОВА ЌЕ ПРЕТСТАВИ СВОИ ДЕЛА ВО КАВАРНА БУГАРИЈА

Ликовната уметничка од Македонија,  Гордана Хаџи-Николова и нејзината колешка од Бугарија, Николина Џановска ќе презентираат свои дела во Уметничката галерија Христо Градечлиев во Каварна, Бугарија. Ова денеска го соопшти прес-центарот на општина Каварна. Отворањето на изложбата ќе се одржи на 12 јуни од 17.30 во Уметничката галерија “Христо Градечлиев”.
Николина Милчева Џановска – дипломира на ВТУ “Св Кирил и Методиј “, специалност Графика во 1999 година. Професор е по ликовна уметност во Велико Трново во периодот 1999-2015 Таа има реализирано 7 независни изложби, учествувала во над 100 заеднички изложби и уметнички настапи во Бугарија и во странство.
Гордана Хаџи-Николова членува во Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 2000 година и е магистер по скулптура од Универзитетот во Скопје.
Учествувала на повеќе работилници, симпозиуми и уметнички настапи. Таа има свои самостојни изложби во Москва, Париз и во Берлин.



Слични Објави