Од Здружението на судии без коментар за неправосилната пресуда за „Онкологија“, аларм за ниските плати во судството
Здружението на судии на Република Северна Македонија денеска соопшти дека, согласно домашните и меѓународните правни стандарди, нема да даде коментар за неправосилната судска одлука донесена во предметот познат како „Онкологија“. Од Здружението нагласуваат дека ваквиот пристап е со цел да не се влијае врз понатамошната судска постапка и одлучувањето на повисоките инстанци.
Во однос на прашањето за платите, од Здружението укажуваат дека судиите и судските службеници примаат најниски примања во регионот. Според нив, по најавеното зголемување од 78 проценти, платите на најголемиот број судии во Основните судови достигнуваат до 86.000 денари, додека примањата на судските службеници остануваат исклучително ниски и под просекот во земјата.
„Фактите се јасни и проверливи – судиите и судските службеници во Северна Македонија имаат апсолутно најниски плати во регионот и пошироко“, стои во соопштението.

