|

Одбележуваме 101 година од масакрот во селото Гарван извршен по наредба на српскиот жупан Добрица Матковиќ

Список од масовното убиство на невините селани (меѓу кои и деца) од ГАРВАН, радовишко извршено по наредба на српскиот жупан Добрица Матковиќ, на 02. 03. 1923 г:

1. Атанас Колев

2. Богатин Георгиев

3. Васил Симеонов

4. Георги Донев

5. Георги Милев

6. Димитар Колев

7. Димитар Иванов

8. Доне Василев

9. Ефрем Трајанов

10. Ефтим Петрушев

11. Иван Василев

12. Костадин Здравев

13. Костадин Цветков

14. Мите Здравев

15. Моне Василев

16. Тане Иванов

17. Пане Коцев

18. Петре Георгиев

19. Петруш Атанасов

20. Петруш А. Велјанов

21. Петруш Иванов

22. Стевко Трајанов

23. Стое Коцев

24. Стојан Филипов

25. Тасе Ефтимов

26. Трајан Тасев

27. Христоман Поцев

28. Јане Поцев

29. Цвета Томева

Цели шест дена труповите на убиените биле оставени непогребани.

Поклон пред невините жртви и вечна памет!

Извор: macedonia-history.blogspot.com

„Кога српската потера дојде во селото ги извикаа сите селани – мажи и жени, млади и стари – за да ни соопштат некакви наредби. Работно време беше и затоа мнозина беа на полето и не се јавија. По таа причина Србите многу се налутија и започнаа да бијат и жени, и мажи…

После тоа отделија неколку млади жени. Мажите ги врзаа и ги изведоа надвор од селото на половина час далечина. Началникот на потерата праша каде се комитите и ако не ги знаат нивните скривалишта ќе бидат убиени како кучина. Селаните одговорија, дека никакви комити не знаат, ниту некогаш имале работа со нив. Началникот со одвратни псовки даде заповед да бидат наредени сите врзани и заповеда на војниците да стрелаат…“

ГАРВАНСКАТА ГОЛГОТА

Слични Објави