„Пирогов“: Преживеаните се надвор од животна опасност
Сите преживеани во бруталната сообраќајка на автопатот „Струма“ – 17-годишно девојче и шестмина возрасни се сместени во софиската болница за итна помош „Пирогов“. Шестмина од нив се на Клиниката за изгореници, а седмиот на трауматологија. Нивните животи се надвор од животна опасност. Лекарските екипи се уште ги прават потребните тестови.
Во болницата дошле претставници на македонската амбасада. Според една од нив, жртвите се контактни и раскажуваат што се случило.
Минути пред 7.00 часот од болницата Пирогов испратиле официјална информација која гласи: „Во раните утрински часови на 23.11.2021 година (вторник) се примени 7 граѓани кои се повредени во несреќа на автопатот „Струма“. Во моментот сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност. Шестмина се со изгореници, а еден пациент е со повреда на ногата.По прегледот и проценката на состојбата се хоспитализирани за понатамошно следење на нивната состојба.
