Одбележуваме 101 година од смртта на големиот револуционер и војвода на ВМРО Ефрем Чучков
На 1-ви октомври 1923 г. во Софија умира големиот рволуционер и војвода на ВМОРО – ЕФРЕМ ЧУЧКОВ.
Роден е 1870 г. во Штип. Учел во родниот град, Бугарската гимназија во Солун, а потоа во Педагошкото училиште во Ќустендил. Учителствувал во штипското Ново село, а после тоа заедно со Гоце Делчев учел во Военото училиште во Софија. Во 1896 г. го завршил Педагошко училиште во Казанлак и неколку години учителствувал во Пехчево и Мелник, каде што започнал да ја развива револуционерната дејност. Од крајот на 1897 г., по Виничката афера, бил во илегала и се префрла во Бугарија. Во април 1898 г. се враќа во Македонија како војвода на чета. Тој бил еден од организаторите на револуционерната мрежа во Штипско, заедно со Тодор Лазаров и Мише Развигоров. Во 1905 г. учествува на конгресот на Скопскиот револуционерен округ, каде заедно со Даме Груев, К. Българијата, М. Развигоров и А. Бабата е избран во окружното раководство. Во април 1907 г., заедно со Тодор Александров се избрани за окружни началници на Скопскиот револуционерен округ. На Ќустендилскиот конгрес 1908 г. е избран за член на Централниот комитет на ВМОРО. За време на Балканските војни командува одред кој што го ослободува Кочани. Во Штип запленуват турски војници и водат борби на Султан тепе. Во текот на Првата светска војна е Бугарски градоначалник на Штип и е еден од подписниците на протестниот документ на ЦК на ВМОРО – Мемоар на Бугарите од Македонија од 1917 г. По војната заедно со Тодор Александров учествува во обновата на ВМРО. Бил војвода на чета во Малешевско и Царевоселско, каде водел борби со србските окупаторски единици.
Ефрем Чучков беше втората авторитена фигура во обновеното ВМРО.
“Земјите по двете страни на Вардар и самиот Вардар припаѓаат на Бугарското население, кое ги населува и следствено не можат произволно да се дават на тој – на оној да ги владее политички, дури и да би имал потреба. Во спротивен случај реакцијата против туѓата власт е неминовна и таа реакција е вон од секое сомнение, штом е збор за земји како нашите, кои во блиското минато – низ турскиот и низ србскиот режим – тие долго време биле огниште на вооружени востанички движења и со тоа станале прва причина на последните три ослободителни војни од страна на слободна Бугарија. Разумното и вистинско користење на Вардарскиот и на сите други басени на Балканот е возможно само при еден суштествен и основен услов: тоа е – слободата на секој народ во неговите природни етнографски граници и заемното почитување на природните права на секого. Заштитувајќи ги со своите гради тие начела преку неговото учество сега во најкрвавата од војните, какви светот не видел, Бугарскиот народ и денес протега рака за мир и согласност, решен во истото време да продолжи да дава жртви за слободата и своето обединување, ако тие му се наложат од несправедливата желба да се режат делови од неговото живо тело.“