|

Одбележуваме 102 години од смртта на познатиот учител и војвода на ВМОРО Павел Христов

На 6-ти јуни 1922 г. во Софија умира видниот војвода на ВМОРО, државник и учител ПАВЕЛ ХРИСТОВ. Роден е во битолското село Цапари, 1874 г. Завршил гимназија во Лом, а потоа учителства во Прилеп, Кичево, Костур и Битола. Во 1895 г. влегува во редовете на ВМОРО. Во Прилеп е член на околискиот револуционерен комитет, а покасно станва раководител на Костурскиот револуционерен реон. Во 1901 г. е затворен од османските власти и поминува 3 години во Корчанскиот затвор. По Илинденското востание во 1903 г. е избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет, а во 1907 г. е избран за председател на Битолскиот конгрес. На Рилскиот конгрес во 1905 г. е делегат од Битолскиот округ, а на Ќустендилскиот конгрес во 1908 г. е избран за член на Централниот комитет. По Младотурската револуција е училишен инспектор во Битола. Во 1909 г., по промената на политиката на младотурците, Христов е уапсен заедно со Г. Попхристов, Г. Николов, А. Евтимов, А. Дорев и М. Матов, но по два месеци затвор се ослободени од воениот суд. Од 1910 – 1911 г. е задграничен представник на ВМОРО во Софија. Во Балканските војни Павел Христов е доброволец во Македоно-одринското ополчение на Бугарската војска. Во септември 1913 г. Христов е еден од основните организатори и раководители на Охридско-Дебарското востание против србските поробувачи. На 12-ти септември 1913 г. неговата чета заедно со четата на Петар Чаулев влегува свечено во ослободениот Охрид. По задушувањето на востанието Христов се повлекува во Албанија, каде што се сврзва со албанските револуционери. Назначен е за главен бугарски учител во Албанија и во Дебарско отвора бугарско училиште. За време на Првата светска војна Павел Христов заедно со Петар Чаулев е начело на голема организациона чета, која што го ослободува Крушево. Од 1915 – 1918 г. П. Христов е окружен финансов раководител, а покасно и окружен управител на Битола. По војната Христов е во редиците на левицата и влегува во Временото представништво на обединетата бивша ВМОРО. Во 1921 г. заминува за Албанија како представник на Македонската федеративна организација, каде што заедно со Александар Протогеров склучва договор со албанските револуционери, начело с Хасан беј Приштина, за заедничка борба против србската власт, според кое Македонија треба да стане независна држава.

Умира од туберкулоза на 48 годишна возраст.

“Париската конференција, која уредува и продолжува и после три години да ги уредува судбините на народите после светската катастрофа, ја игнорира правдата при решавањето на македонското прашање и наместо да го слушне гласот на учени патеписци и познавачи на Балканот, или да направи референдум за волјата на народот согласно 14-те точки на Вилсон, ја остави Македонија под робство на Срби и Грци, така што заедно со тоа создаде почва за нови борби и усложнување на полуостровот. Србските и грчките власти се свртија да ја денационализираат Македонија, служејќи се со крути мерки, како убиства, апсења, изгонување на учители, свештеници и сите други побудни Бугари. Владите на Србија и Грција жестоко се мамат, како што мислат дека така ќе го претопат македонското население; тоа помина четврт век во револуционерна борба за извојување на својата слобода. Секое село, град, поле, планина, изгорени куќи, безкрстни гробови се неми свидетели за блиското наше славно минато. Народ кој дал скапоцени жртви како Груев, Делчев, Тошев, Сарафов, Гарванов, Сандански, Апостол, Развигоров, Узунов и илјада други, достоен е да даде и нови, кога се газе неговата слобода. Македонскиот Бугарин е мирољубив по природа и се надева, дека ќе се отстрани теророт над него, а заедно со тоа, како што кажавме погоре, и бацилот на меѓуособните борби, кои можат да произлезат во иднина. Нека србскиот и грчкиот народ погледнат потрезвено на делата на нивните влади, затоа што народната поговорка кажува: “не се гаси тоа, што не гасне“!

ОСУМНАЕСЕТ ГОДИНИ СЛЕД ИЛИНДЕН, 1921 г.

“Ние дојдовме тука, за да го третираме со Солунскиот Централен Младотурски комитет прашањето за давањето на широки и суштествени права за Бугарското население во Македонија и Одринско, под новиот конституционен режим. Уште во Битола ние изјавивме официално на тамошниот Младотурски комитет, дека се присоединуваме условно кон младотурското движење и ќе содејствуваме на Младотурскиот комитет да постигне полно реализирање на својата програма. Но тоа наше решение ќе биде само времено и ние си го запазваме правото да го смениме и да ја започнеме одново прекинатата борба во случај, ако младотурците не успеат да постигнат едно конституционо управувње и ако на Бугарското население не се дадат широки и суштествени права еднакви со оние на сите отомански поданици.

Ние сме биле и продолжуваме да бидеме Бугари националисти, затоа што го сметаме мнозинството на македонското население за чисто Бугарско и не можеме да направим разлика меѓу судбата на Бугарите, кои живеат во Кнежеството, и оние, кои живеат во Македонија и Одринско.“

Разговор со управникот на бугарското трговско агентство во Солун за соработката на ВМОРО со Младотурскиот комитет, 1908 г.



Слични Објави