Милков за РСМ: Ќе се прифати писмен документ кој ќе ги дефинира конкретните задачи

//

Влезот во еврозоната и Шенгенскиот договор, како и одржувањето на парламентарните избори на 2 октомври во странство се водечките приоритети на Министерството за надворешни работи, изјави техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков, јавува БГНЕС.

Меѓу приоритетите се и пристапувањето на Бугарија во Организацијата за економска соработка и развој и подготовка од страна на земјата на Почетен меморандум со став за секој правен инструмент на Организацијата за економска соработка и развој, активно присуство на Бугарија во ЕУ и НАТО и нејзиното учеството во колективните напори за справување со актуелните кризи.

МНР ги дефинира како важни задачи европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и одбраната и надградбата на постигнатото во последните месеци во однос на европскиот пат на Република Северна Македонија, како и фокусирањето на вниманието кон ЕУ и НАТО партнери и за други прашања поврзани со безбедноста во регионот.

„Непосредните задачи во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија се усвојување на писмен документ со кој ќе се дефинираат конкретните задачи пред институциите во Бугарија со конкретно наведени обврски“, изјави министерот Милков, како одговор на прашање на БГНЕС.

„Бугарското МНР не смета дека присуството на нашиот генерален конзул во зградата на КЦ Иван Михајлов во Битола е проблем“, изјави тој.

Секој четврток ќе имаме брифинг за медиумите да знаат што сме направиле досега“, изјави Николај Милков.



„Заменик-министерот Костадин Коџабашев е и портпарол на министерството, па тој ќе ги води овие брифинзи“, известува Милков.

Замениците министри ќе бидат двајца – Велислава Петрова, позната од претходната влада на Кирил Петков и нашиот досегашен вонреден амбасадор во Украина Костадин Коџабашев. Според Николај Милков, Велислава Петрова направила многу во однос на Организација за економска соработка и развој, како и во однос на односите со Северна Македонија. Шеф на кабинет ќе биде Светлана Стојчева-Европолски, поранешен амбасадор во Канада.

Од МНР соопштија и дека за парламентарните избори во странство се предвидени 7.635.600 лева. По наредба на министерот за надворешни работи, во МНР е формирана Работна група „Избори“. Министерството за надворешни работи исто така даде инструкции до странските претставништва да побараат согласност или да бидат известени, во согласност со режимот во соодветната земја, во која Република Бугарија има дипломатски претставништва и во земјите каде што нема такви претставништва, но со кои има дипломатски односи и има именувано акредитиран амбасадор . Заклучно со 08.08.2022 година, добиена е согласност од 4 земји, меѓу кои се Шпанија и Јужноафриканската Република, дополнително прецизираат од МНР.

Претходна статија

Дваесет и една година од загинувањето на армиските припадници кај Карпалак

Следна статија

СДСМ: Ги реализираме стратешките цели на државата, блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ се осудени на порази

Најново од Вести