Одбележуваме 112 години од создавањето на Македоно-одринското ополчение
На 23-ти септември 1912 г. со царски указ е формирано МАКЕДОНО-ОДРИНСКОТО ОПОЛЧЕНИЕ во рамките на Бугарската армија. За началник е назначен генералот Никола Генев од Севлиево, заменик потполковник Александар Протогеров од Охрид, а началник на штабот мајор Петар Дрвингов од Кукуш, во состав 6 дружини од по 212-215 души: Солунска, Скопска, Дебарска, Битолска, Одринска и Охридска. Во октомври се формирани уште 6 дружини: Велешка, Костурска, Кумановска, Прилепска, Серска и Лозенградска, а во април 1913 год. се формирани уште три дружини: Кукушка, Воденска и Штипска, обшто 15 дружини. Вклучени се 14 670 души, или обшто со четите – 16 844 души. Доброволците биле снабдени со пушки специјално набавени од Виена, а за нив биле сошиени и посебни униформи и посебен амблем, на кој бил прикажан исправен лав, кој во предните раце држи крст со трибојното знаме на кое пишувало „МО ОП – Македонско-одринско ополчение“. За време на I Балканскa војнa успешно се бореле во Тракија против силите на Јавер паша, а во II Балканска војна во Кочанско вршеле напади врз Србските војски.
“Македонското прашање до Балканската војна беше Бугарско прашање. Востанијата во 1902 г. во Мелничко, Петричко и Џумајско и во 1903 г. во Битолско, како и четничките дејства пред и после тоа, беа бугарски востанија и бугарски движења; Србите и Грците во тоа време ја играа, логично на својата историја, ролјата на турски шпиони и турски сојузници. Мирцштегските и Ревалските реформи, реформата на жандармеријата со многу руски, австриски и италијански офицери ја опфаќаа само Македонија во нејзините бугарски народносни граници, но не и Епир, ниту стара Србија. Така македонското прашање од кое се интересираа како Русија и Австрија, така и Англија и Франција, следеше еден целесходен развој со бугарските интереси, кој сигурно ќе завршеше со неговиот целосен успех. Младотурската револуција, меѓутоа го отклони тој тек на настаните. Турската управа скоро тргна по стариот утврден пат, клање на Бугари, но не на Срби или Грци. Во тие услови созрејаа во Бугарија идеите кои го условија текот на настаните во 1912 г.
Македонската емиграција во Бугарија, така колосална во споредба со македонската емиграција во Србија и Грција, секогаш најсочувствителна кон страдањата на братот роб при Пирин, Шар и Пелистер и сега беше во трескавична возбуда. Сенародниот Собор, свикан во Софија од исполнителниот комитет на македонските братства под председателството на Александар Протогеров и шумните манифестации кои се спроведуваа во август 1912 г. имаа за цел да се изврши еден морален притисок врз Бугарија, за да објави војна на Турција. На 17-ти септември се објави мобилизација на бугарската армија. Во тој важен час невброените во бугарските вооружени сили македонци од Бугарија, Америка, Австрија, Русија, Романија, дури и од Србија се обрнаа кон Софија и Бугарија, за да бидат организирани во дружини и да земат учество во ослободителните војни. Така, во Бугарија, а не во Србија или Грција се организира Македоно-одринското ополчение; од тука тоа тргна за театарот на војната: во името на бугарските идеали; тие се бореа по Родопите, Марица, каде што заплени петнаесет илјаден корпус на Јавер Паша, при Шарќој, каде што го одби десантот на десеттиот турски корпус, при Султан-тепе, каде што освои две последователни укрепени позиции на Србите со мноштво заробеници, при р. Каменица каде што ги разби и разпрсна црногорските војски, кои учествуваа против Бугарија.“