|

Одбележуваме 122 години од избувнувањето на Горноџумајското востание

На 23-ти септември 1902 г. избувнува Горноџумајското востание организирано од Врховниот Македоно-одрински комитет, вооружен бунт против Османската власт кој траел до ноември истата година. После Берлинскиот конгрес Македонија и Одринска Тракија останват повторно зависни од Високата порта со ветување за реформи. Востанието има за цел да се привлече вниманието на европската обштественост и да се применат реформите предвидени со чл. 28 од Берлинскиот договор за христијанското население во европскиот дел на Османската империја. За командант на востанието назначен е генерал Иван Цончев кој собира 2580 востаници. Тие се борат против 13960 турски аскер под команда на Хусеин Хилми Паша. Востанието се разпространува околу двата брега на р. Струма – Горна Џумаја, Петрич и Мелник. Османската империја врши голем притисок врз бугарската држава да не се вмешува поради кое доведува до загушување на востанието. Жртвите се многубројни, а околу 2000 бегалци бараат спас во Бугарија.

“На северо-источниот крај на Македонија соседно со Бугарското кнежевство, се простира плодородната горноџумајска кааза, населена со трудољубиво и јуначно население. Непосредниот допир на тоа население со слободните браќа во Бугарија предизвикуваше во него благородна завист, поради кое апостолите на револуционерната органозација најдоа во таа кааза благопријатна почва за револуционерни дејства. Горно-Џумајската кааза беше една од најподготвените во револуционерниот однос; во неколку години наред духот беше закален и беше доставено значително колчество воен материјал. Затоа турските власти ги положија сите усилби за нејзиното разнебитување. Глутница потери талкаа од село на село и го тероризираа населението. Во летото на 1902 г. теророт беше засиле до тој степен на христијанското население, и покрај советите, така што организационите раководители, побара излез во крајностите. На 23-ти септември истата година пукна првата востаничка пушка. Првиот акт на востаниците се разигра во с. Железница, каде беа убиени тројца омразени спахии. Два дена после тоа стана сериозен судир меѓу разбунтуваното население и турската војска кај селата Србиново и Градево. Во тие битки населението се биеше со ретка екзалтираност. Тие судири беа проследени и од други по разни места во каазата.

Движењето во џумајско ги зарази и соседните христијански села, разположени околу стратешката Кресненска клисура (Мелничко) како и некои села од Петричката кааза. Во тие места и околу тие села станаа и крвави судири.

Во тоа движење зедоа учество и мнозина од емигрираните од Македонија во Бугарија, организирани во одреди се одзваа во помош на борците.

Во тоа движење станаа 19 битки во разни места. Битките меѓу востаниците и турската војска беа доста продолжителни, ретко по 2 часа, а имаше битки кои траеја од 10-12 часа. Обштиот број на убиените и ранети востаници беше 95 души. Најкрвавите битки беа при Кресна и Србиново-Градево. Истовремено со битките турската војска извршуваше ужасни ѕверства.“

МЕМОАР НА ВНАТРЕШНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА, задгранично представништво на ВМОРО – Македонија и Одринско (1893-1903)



Слични Објави