Одбележуваме 120 години од смртта на големиот прилепски војвода Никола Каранџулов
На 28-ми јули 1904 г. кај прилепското с. Селце во борба со турскиот аскер загинува НИКОЛА (НИЧО) ДИМЕВ КАРАНЏУЛОВ, раководител и војвода на ВМОРО.
Роден е 1876 г. во Прилеп. Татко му Диме бил трговец бакалин со потекло од с. Вранче. Брат му Иван отворил кафана во центарот на Софија која што станва сврталиште на македонски дејци. Никола завршил основно образование во родниот град, а во Битола завршил IV клас Бугарска прогимназија. Бил назначен за учител во с. Селце, каде што започнува да пишува револуционерни стихови. Потоа заедно со својот братовчед Кирил Христов Совичанов заминува да учи во педагошкото училиште во Ќустендил. Таму членува во Младежкото македонско друштво и основа револуционерен кружок. Од септември 1895 г. учи една година во Загребското педагошко училиште, каде продолжува да пишува стихови. Се враќа во Прилеп, каде што е назначен за учител и влегува во скорообразуваниот комитет на ВМОРО, начело со Даме Груев. Куќата на Каранџулов станува јавка на организацијата, во која што отседнуват нелегални дејци, терористи, ранети четници. Каранџулов одговара за пушките, кои што се пренесват по каналот Штип – Велес – Градско – Прилеп и се складират во пештера над Селце и потоа се вооружуват мариовските села. Во 1897 г. татко му е исечен од Турци пред неговиот дом. Наредната година тој станва раководител на околискиот револуционерен комитет и ја исполнува должноста директор на прогимназијата. Учебната 1899/1900 г. Каранџулов станва учител во Куманово и го раководи Кумановскиот револуционерен комитет. Наредната година е главен бугарски учител во Крива Паланка, каде што е председател на околискиот комитет на ВМОРО. Таму го зајакнува каналот за нелегални дејци, оружје и кореспонденција од кнежество Бугарија. Во 1902 г. се враќа во Прилеп и е избран за прв делегат на подготвуваниот окружен конгрес во Битола. Каранџулов пристига во Битола, но конгресот не се одржува, затоа што председателот на окружниот комитет Анастас Лозанчев заминува за учество на Солунскиот конгрес, на кој што се зема решение за востание. Каранџулов е против пребрзани решенија поради непотготвеност. Уапсен е поради забраната да го напушти Прилеп и однесен е во Битолскиот затвор. По два месеци е ослободен поради амнестијата дадена при Падарските реформи. Активно се зазема со организациона работа затоа што е решено да се подигне востание. Самиот тој продава голем дел од татковиоти имот и ги внесува парите во комитетската каса. Во март 1903 г. Каранџулов одново е уапсен насред чаршијата и однесен е во Битола, осуден е на 6 години. Под негово раководството три седмици затворниците копат тунел под ѕидовите на затворот со лажици, вилушки и парчина железо. Преку ноќта 32 души успеват да се извлечат низ шестметарскиот тунел и, пречекани од комити се закриват во околностите и после заминуват кон Костурско. После тоа во Прилеп Каранџулов има тешка задача да ја исправи на нозе револуционерната организација пострадана после востанието. Во градот се појавува и силно врховистко движење. Заедно со Пере Тошев и Ѓорче Петров решават, дека проблемите можат да се решат на конференција, преорганизирање на револуционерната мрежа и подигање на духот. Решено е Прилепскиот комитет да го осигури домаќинството и од 2-ри мај до 5-ти јуни 1904 г. се одржува Прилепскиот конгрес на ВМОРО. Каранџулов е назначен заедно со Петар Ацев за инструктор-ревизор на четите во Прилепската револуционерна околија.
По шест седмици на 27-ми јули се враќа во четата, расположена во с. Селце. Во ноќта четата на Ацев решава да го напушти Селце. На расунување од кај Селце се појавува кавалерија, а друг аскер се движи без да се сомневат за присуството на четата. Четата избрзува со повлекувањето, мислејќи, дека аскерот веќе го префрлил сртот, наидува на него, отвора оган и се повлекува. При повлекувањето Каранџулов е тешко ранет во ‘ртбетот. По негова молба тој е застрелан од свој четник. Останатите четници се спасуват, освен неговиот стар другар. Турците дават убиени 16 војници.
“На другиот месец Каранџулов беше одново уапсен со уште тројца граѓани и осуден, како криминален престапник на шест години тежок затвор. Во занданите како и сите несреќни Бугари, така и тој беше изложен на жестоки изпрашувања. Не беа доволни суровостите на чиновниците, ами и самите Турци затвореници точеле ками, по примерот на слободните битолски Турци, за да ги изколат сите Бугари. Ама и Бугарите не стоеја со скрстени раце; таму не требало да паднат малодушно пред едни презрени варвари. „Заб за заб; око за око“ рекле тие и си набавиле кој нож, кој кама, а други остреле долги железа. Меѓутоа злото било навреме спречено. Едно утро сите Бугари биле однесени во „Тимархане“, затвор многу влажен и гаден, каде што ги затворале обично оние, од кои што сакале со помошта на разни болести да се куртулат. Очевидна и многу грозна смрт ги чекала тука клетите Бугари. Каранџулов ја развил фантазијата и на 1-ви март во ноќта 32-ца се извлекле по еден шестметарски канал и ја фатиле гората. Сите знаеме каков длабок впечаток направи тоа меѓу европските представништва и даде обилен материјал за надприродните толкувања на масата, затоа што беше дело мошне ризично и многу дрско, исполнето по планомерен и доста своеобразен начин во време на најбудно бдеење од турска страна. Името Каранџулов се понесе, како гром од уста на уста. Многу потери тргнаа да ги следат дрските нарушувачи на падишаховиот закон, но не успејаа да им влезат во трагите. Никола со прилепчани замина за Мариовските планини, а другите се разпрснаа по реонските чети на своите родни места.“
МАКЕДОНСКА ЗОРА, Атанас Иванов, 1904 г.

