|

Одбележуваме 139 години од раѓањето Донка Ушлинова- единствената жена доброволка во Македоно-одринското ополчение

На 21-ви декември 1885 г. во битолското село Смилево родена е комитката Донка Ушлинова.

Се омажува на 15-годишна возраст за Ставре Христов од битолското село Лера. На крајот на август 1902 г. со помош на јатрвата Сребра Апостолова и нејзиниот сопруг Апостол го убиват месниот дерибег Џелеб Реџо Суљов. После тоа тројцата бегат во гората, каде што ја наоѓат четата на ресенскиот војвода Славејко Арсов, кој што ги облекува во четнички униформи. Така Ушлинова се вклучува во борбата на ВМОРО против османското господство во Македонија. Осудена е во отсуство од османските власти, а куќата ѝ е разрушена. Во Илинденското востание учествува во близу 20 битки во Битолскиот револуционерен округ. По востанието се префрла во Бугарија и се населува во Варна. Во текот на Балканската и Меѓусојузничката војна Донка Ушлинова, заедно со својот маж, Ставре Ушлинов, е единствената жена доброволка во Македоно-одринското ополчение. Учествува во многу борби, Шарќој, Галиполи, во пленувањето на Мехмед Јавер паша, Руен и Султан тепе. За пројавен хероизам е наградена со два ордени „За храброст“ – IV и III степен. Во Првата светска војна Ушлинова постапува доброволка во Вториот пешадиски македонски полк на Единадесетта дивизија на Бугарската армија. Учествува во борбите кај Јаребична, Дојран, Круша планина и др. Наградена е со орден „За храброст“ II степен, а покасно е произведена во чин помлад подофицер и е наградена со орден „За храброст“ I степен лично од главниот командант генерал Никола Жеков. Истата награда ја добива и сопругот. След крајот на војната Донка Ушлинова, заедно со сопругот, се враќа во Варна. Добива еднократна помош со која што изградуват мала куќа. Таа е член на Варненското друштво на резервните офицери „Другарски сојуз“.

Донка Ушлинова умира на 26-ти јуни 1937 г. во Варна.

“Убиството на Џелеб Реџо Суљов беше извршено кон крајот на м. август 1902 г. во с. Лера, кое е на 15 км. од Битола, со околу 200 куќи, од кои само 80 се бугарско население, останатите се турско. Поради аферата со убиството на Реџо, бугарското население во тоа село беше поставено под специјален строг режим.

Бугарското население во с. Лера секогаш било под неограничено тормозење во секој однос од месниот богаташ Реџо Салиев. Независно од економското угнетување, бугарското население во с. Лера секојдневно преживувало и тормозење на неговите неморални намери. Поубавите моми и жени не можеле никако да излезат од своите куќи.

Донка е пониска на раст од Сребра и мургава, но со строго изразени очи. Особено љубопитна и секогаш со задоволство прикажбаше, лесно се приспособуваше кон се’, како добар соговорник. Доста љубоморна опонентка на издржливост кон сите незгоди и лишувања при нелегалниот четнички живот, кога ѝ се заговореше за извршеното од нив убиство, секогаш пламнуваше од озлобобување, со кое што ги издаваше и своите болни чувства на одмазда и задоволство, затоа што отстраниле еден злосторник…

Со таа смела и единствена по својата ролја акција во с. Лера, македонската Бугарка го издигна гордо знамето за заштита на моралните традиции на својата вера и семејна чест, која беше издигната во култ. Со тоа тие две селанки-јатрви од с. Лера отворено и демонстративно му објавија на целиот свет, дека жената од Македонија не е веќе робинка и е способна да се бори, за да го порази секое посегнување и пројава на секој узурпатор во нивната родина. Така тие станаа првите нелегални жени – комитки во редовите на револуционерната организација во битолско.“

И КАУРКИТЕ СТАНАЛЕ КОМИТИ, Христо Настев

“Храбри Бугарски војници!

Мили мои воени другари!

За кого оставивте жени и деца? За што сте тргнале да умрете? За Македонија! Да, за Македонија, која има убавини на рајот, но која ѕвероликите врагови на нашето племе ја претворија во ад. За Македонија! Каде сребрести потоци ја крстосват и ја прават восхитувачки убава. За Македонија, каде се говори, пее и плачи на чист татковски Бугарски јазик.

Храбри Бугарски војници!

Вас Бог ве предопределил да ги скршите оковите, да ги скинете веригите од вратот и рацете на вашата родна сестра Македонија. И ќе ги скинете, зашто вие ја сакате Бугарија, ја сакате Македонија со сиот порив на вашата родољубива душа.”

ГОВОРИ И ПОДВИЗИ НА ДОБРОВОЛКАТА ДОНКА ВОЈВОДА, 1928 год.

Слични Објави