Одбележуваме 145 години од раѓањето на видниот револуционер на ВМРО и просветен деец Кирил Христов Совичанов
На 1 април 1878 г. во Битола е роден КИРИЛ ХРИСТОВ СОВИЧАНОВ, виден револуционер на ВМОРО и просветен деец. Татко е на светски познатиот оперски пејач Борис Христов. Роден е во семејството на Христо Совичанин првиот псалт во независната Бугарска црква во Битола, касиер на Битолскиот револуционерен округ на ВМОРО. Завршил во битолската прогимназија, а во 1896 г. педагошко училиште во Ќустендил. Учителствувал во Дедеагач, каде што станва председател на околискиот револуционерен комитет на ВМОРО. Завршил филологија на Софискиот универзитет, а во Лион завршил литература. После тоа работи како учител во Пловдив, Софија и др. градови. Главен редактор е на списанието на македонската емиграција во Бугарија „Илустрација Илинден“ и председател на Илинденската организација. Умрел во Софија, 1961 год.
“Основите што стрчат ги оцртуваат кривите улици на некогашната Баница која броеше до 150 Бугарски куќи. Сонцето што печеше на пладне го загреа камењарот и мачно ја искачваме височината. На десетина метри од селото железен крст го покажуваше самото гробно место на Гоце. “Тука почива Гоце Делчев, легендарен борец за слободата на Македонија, 1903 г.” Неговите три сестри – Ружа Чопова, 4 год. постара од Гоце, сега 75 годишна, Велика Г. Станишева и Елена Антон Пејнерџиева, се фрлат врз крстот, го прегрнуват, го целуват, лејат обилно солзи и ја тажат трагедијата, која ја преживеало нивното семејство после неговата смрт и после смртта на двата негови браќа Мицо и Милан, кои паднале како него во бој за народна слобода како востаници. Трогателна слика, истовремено величествена. 40 години од тогаш и толку тешка судба! Заковани, сите стоиме неми свидетели. Кое срце не ќе се трогне пред слична сцена! Сеуште сме во пасхалната седмица. Вчера беше денот на неверниот Тома! И небаре ангел господов се провикна и прорече: “Што го барате живиот со мртвите? Што плачете за нераспадливиот? Симнете ги шапките, паднете на колена и молете Бога не за опростување на неговите гревови – тие се очистени со неговата крв и тој заедно со светците е околу Великиот Трон. Молете го Севишниот, како и да е, да го всели неговиот подвиг во душата на Бугарската младеж, да тргне таа по неговите стапки, за да го освети делото за кое тој се принесе во жртва”.”
НА ПОКЛОНЕНИЕ НА ГРОБНОТО МЕСТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, К. Совичанов
