| |

Д.ЃОРЃИЕВ: ВИСТИНА Е ДЕКА ДЕЛЧЕВ НАПИШАЛ ДЕКА Е БУГАРИН, НО ТОЈ ИМА СИЛНО ИЗРАЗЕН МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧКИ ИДЕНТИТЕТ

„Вистина е дека постои писмо на Гоце Делчев до Никола Малешевски во кое Делчев пишува дека е Бугарин, и дека припадноста кон бугарското племе е причина за поделбите меѓу народот“- изјави претседателот на македонската страна од мешовитата бугарско-македонска комисија за историја Драги Ѓорѓиев во емисијата „Отворено“ на ТВ 24.

Ѓорѓиев истакна дека историските факти се исти и за двете страни.Според Ѓорѓиев македонските историчари го градат своето толкување врз фактот што Гоце Делчев спомнувал за Македонци и Македонки и се залагал за тоа дека ослободувањето на Македонија е внатрешна работа. Ѓорѓиев истакна дека Делчев има изразен македонски политички идентитет.



Слични Објави