ВАРХЕЈИ: АКО НЕМА РЕШЕНИЕ НА СПОРОТ СО БУГАРИЈА, МОЖНО Е АЛБАНИЈА САМА ДА ГИ ПРОДОЛЖИ ПРЕГОВОРИТЕ

//

Напорно работиме на случајот на Северна Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, одговорајќи на новинарско прашање дали е можно отворање на пристапните преговори во јуни и раздвојување на Северна Македонија и Албанија.

За одвојувањето на Скопје и Тирана, Вархеји рече дека пристапниот процес се базира на постигнувања.



– Ова е процес кој се базира на постигнувања. Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Северна Македонија мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција. Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји, рече Вархеји.

Претходна статија

ГРЃАНИТЕ БЕЗ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ЗА ВАКЦИНА

Следна статија

ЗАЕВ НЕ ВЕРУВА ДЕКА ЦРВЕНКОВСКИ ЌЕ ФОРМИРА НОВА ПАРТИЈА

Најново од Вести