|

Одбележуваме 148 години од смртта на бугарскиот духовник преродбеник и просветител од Македонија архимандрит Партениј Зографски

На 7-ми февруари 1876 г. во Цариград умира архимандрит ПАРТЕНИЈ ЗОГРАФСКИ. Роден е 1818 г. во Галичник со светско име Павел Василков Тризловски. Учел во манастирот св. Јован Бигорски и во Охрид, а потоа во грчки училишта во Солун и Цариград. Во Одеса учел Духовна семинарија, потоа во Киев и во Московската духовна академија. Заминува на Света Гора и отвора богословско училиште во Зографскиот манастир. Се присоединува на проектот за создавање Бугарска матица во Браила. Потоа бил учител во Богословското училиште на о. Халки и управител на Бугарското училиште во Цариград. Во 1859 г. е назначен за поленински епископ во Дојран. Таму ја раководи црковната борба и ги гори грчките богослужбени книги. Во 1867 г. е назначен за нишавски митрополит во Пирот. По создавањето на Бугарската егзархија останва таму митрополит до 1874 г. кога е принуден да си даде оставка. Бил соработник на списанието БУГАРСКИ КНИЖИЦИ и на весниците СОВЕТНИК, МАКЕДОНИЈА и ЦАРИГРАДСКИ ВЕСТНИК. Собира народни песни и издава ЗБОРНИК НА НАРОДНИ ПЕСНИ П. Зографски го поставува прашањето дека македонскиот говор не треба да биде занемарен при формирањето на Бугарскиот книжевен јазик.

“Нашиот јазик, како и секој друг, има многу местни наречја, скоро секоја епархија (област) говори по свое, но слични различности во јазикот за незначителната разлика, не можат собствено да се наречат наречја. Според нашето знаење, нашиот јазик се разделва на две главни наречја, на горно-Болгарско и долно-Болгарско; првото се говори во Болгарија, во Тракија и некои делови во Македонија; а пак другото во Македонија вообшто, или стара Болгарија; а пак тие две си имат свои поднаречја.”

ПИСМЕНОСТ И ГРАМАТИКА, Цариград, 1857 г.



Слични Објави