| | |

Одбележуваме 26 години од смртта на Благородна Божинова бугарската писателка, жртва на титовистичкиот режим во СФРЈ

На 10 март 2000 г. во Софија умира бугарската писателка, јавна личност и патриот Благородна Божинова.

Божинова е родена на 14 март 1925 г. во петричкото село Игуменец. Нејзиното семејство потекнува од Струмица, Вардарска Македонија. Нејзиниот татко бил учител убиен од српскиот окупатор. Нејзината мајка починала една година по него и оставила четири деца сирачиња.

Во 1947 година Благородна оди да студира на Универзитетот во Скопје, во тогашна Титова Југославија. Потоа наместо да се врати во Бугарија и да твори, станува жртва на бруталноста на југословенската тајна полиција – УДБА.

По завршувањето на студиите, таа ја одбила понудата на УДБА да се декларира како „македонка“, да добие државјанство и да остане во Југославија. Во 1954 г е уапсена под обвинение за „шпионажа. Две години од нејзината младост биле потрошени во концентрациониот логор Герово. Во 1956 г добива дозвола да се врати во Бугарија. По 1989 година ги објавува своите мемоари за злосторствата на Белград.

„Оваа книга ја посветувам на луѓето кои бранеа различни идеи, но и останаа лојални на БУГАРИЈА“, напиша Божинова во предговорот на книгата „Исповед од Титовистичкиот рај“, објавена во 1992 година.

Новинарот Иван Николов вели дека Благородна била и физички и морално стабилна личност која не била скршена и покрај сите неволји. Човек кој под никакви услови не се откажал од својата бугарска национална суштина.

„Таа е еден од оние херои кои ја создаваат атмосферата, што ја движи нацијата напред“, нагласи тој.

Благородна Божинова за весникот „Бугарија“ ќе изјави: „За Југославија се зборуваше дека изградила нов тип на социјализам… но Србите не го разбрале овој ентузијазам. Сакаа само да нѐ посрбат. Бидејќи ја сакавме нашата земја, не затворија“.

Во 2025 г. Благородна Божинова беше одостоена со спомен плоча поставена на нејзиниот дом во Софија, каде што живеела меѓу 1968 и 2000 година.

Слични Објави