| |

Одбележуваме 57 години од смртта на големиот бугарски дипломат Симеон Радев

На денешен ден се навршуваат 57 години од смртта на големиот бугарски дипломат, државник и автор на историографското дело „Строителите на современа Бугарија“, македонскиот Бугарин Симеон Радев. Радев умира на 15 февруари 1967 г. во Софија, неколку дена по излегувањето на уште едно негово пишано дело, а имено „Ранни спомени“.

Симеон Радев е роден на 19 јануари 1879 г. во Ресен. Автор е на едно од наjважните историографски дела во времето на Царство Бугарија „Строителите на современа Бугарија“. Бил бугарски дипломатски претставник во Букурешт, Берн, Хаг, Анкара, Вашингтон, Лондон и Брисел, исто така и прв бугарски претставник во Друштвото на народите во Женева. Бил истакнат член на Македонскиот научен институт. Бил близок до ВМОРО и ВМОК. Бил исто така близок и до Борис Сарафов, поради таа причина бил во остар конфликт со санданистите и посебно со физичкиот убиец на Борис Сарафов-Тодор Паница.

По Младотурската револуција од 1908 година го поддржува Соjузот на бугарските конституциони клубови.

Симеон Радев е член и на бугарската делегација при потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година и при потпишувањето на Солунското примирје во 1918 година. Големиот бугарски државник, дипломат и публицист умира во Софија на 15 февруари 1967, неколку дена по излегувањето на неговите „Ранни спомени“.

Слични Објави