|

Општина Гази Баба доделува субвенции за менување на кров за социјални семејства

Општина Гази Баба објави Јавен повик за финансиска поддршка за реконструкција на кров на станбени згради и куќи на индивидуални домаќинства во социјален ризик.

За јавниот повик, информира градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

„ Општина Гази Баба објави Јавен повик за финансиска поддршка за реконструкција на кров на станбени згради и куќи на индивидуални домаќинства во социјален ризик.
Јавниот повик опфаќа:
1. Менување на кровови на станбени згради;
2. Менување на кровови на индивидуални куќи на семејства во социјален ризик;.
– Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на заедниците на сопственици на посебни делови и управителите на станбените згради искористени за реконструкција на кров на станбени згради, во износ од 50% од вредноста на изведбата, но не повеќe од 700.000,00 денари.
– Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на индивидуални куќи во социјален ризик искористени за реконструкција на кров на индивидуална куќа, во износ од 50% од вредноста на изведбата, но не повеќe од 200.000,00 денари.
Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат. – напиша Стефковски.

Слични Објави