|

Одбележуваме 77 години од стрелањето на организаторот и еден од основачите на „Охрана“ Андон Калчев

На 27-ми август 1948 г. во Солун е извршена смртната пресуда на организаторот и еден од основачите на ОХРАНА -АНДОН ХРИСТОВ КАЛЧЕВ.

Тој е роден 1910 г. во костурското село Жужелци, во фамилија со долги традиции во ВМРО. После крајот на втората Балканска војна и почетокот на насилствената елинизација на населението во егејска Македонија од страна на грчката држава, тој и неговото семејство емигрираат во Бугарија. Калчев завршува гимназија во Софија и потоа заминува за Германија, студира економија на универзитетот во Лајпциг каде што потоа докторирал. Подоцна се враќа во Бугарија и се запишува во школата за резервни офицери во Софија. После поразот на Грција од Германија во април 1941, поручник Калчев е меѓу основачите на „Охрана”-организација создадена да го брани Бугарското наслението во Беломорието од репресиите на грчките паравоени единици како и од прогркоманските комунистички чети на ЕЛАС. Во 1944 „Охрана” брои околу 12 000 доброволци од месното население и селска милиција, во организацијата се вклучуваат и доста стари членови на ВМРО. По поразот на Германија во Втората светска војна и реокупацијата на беломорска Македонија од страна од грчки и југословенски партизански формации „Охрана” е распуштена, Калчев е заробен во Битола од Титовите партизани кои го предаваат на Грците. На 10-ти јуни 1946 г. од страна на специјален суд е осуден на доживотен затвор, лежи 2 години самица во затвор на островот Крф. Кон крајот на граѓанската војна во Грција, на база на привремен грчки воен закон кој важи три години од крајот на Втората светска војна, Андон Калчев е осуден на смрт и стрелан во 5:30 во солунскиот затвор Еди Куле.

Неговите последни зборови пред да го стрелаат биле „Ура за Македонија!“

“Тогаш Бугарија испрати офицер, поручик од резерва на име Антон Калчев за врска со германската команда да не’ брани нас Бугарите од малтретирањата на грчките полицајци и нивните италијански пријатели… Со неговото идење им се посече силата на Грците и на гркоманите. Во цело Костурско Калчев го пречекаа како Господ спасител со свирки, со венци, со тапани, со бугарски бајраци. Во полските села јагниња колеа и се натпреваруваа кој да го гости. Се чудеа на униформата, му ја целуваа сабјата. Беше убавец и јунак со прекрасната бугарска офицерска униформа и сабја на страна. Добро направи, ама добро се напати. Со неговото идење во Костур Германците и Италијанците сопреа да ги убиват непромислено нашите.“

ОД КОЛ ВОДА ПИЕВМЕ, Благој Шклифов од Черешница, костурско

Слични Објави