|

Одбележуваме 79 години од смртта на охридскиот револуционер и учител Антон Кецкаров

На 30-ти јануари 1945 г. во Охрид умира АНТОН ЕФТИМОВ КЕЦКАРОВ. Роден е 1865 г. во Охрид. Учел во гимназијата во Софија, а потоа во Военото училиште. Завршил Бугарска гимназија во Солун. Во 1886 г. учествува во создавањето на револуционерен кружок во Горна Порта, Охрид. Бил учител во Охрид и Битола, каде што создава неделно училиште како прикритие за организациона дејност и агитација на ВМОРО. Покасно бил учител во Бугарската женска гимназија во Солун и во Одрин. Потоа е преместен во Охрид како директор на Бугарските училишта. Бил делегат на Смилевскиот конгрес, каде што е избран за Охридски реонски началник. За време на Илинденското востание бил член на горското началство и дејствувал во Дебарца. По востанието бил учител во Добрич, Каварна и Сливен. Со објавувањето на Хуриетот се враќа во Македонија и бил учител во Битола. Тој е еден од основачите на културно-просветното друштво БУГАРСКА МАТИЦА во Охрид. Бил активист на Сојузот на Бугарските конституциони клубови. Учествувал во Балканските војни во Бугарската армија. Ги положил основите на месното културно-просветно и благотворно друштво „Св. Кирил и Методи“ и бил меѓу помагачите на Македонскиот научен институт, основан 1923 г. во Софија. Активно учествувал во Илинденската организација. А. Кецкаров се враќа во Охрид, 1941 г., каде што по 4 години умира.

“Со возбудено срце од голема радост, сметаме за најпријатен и задолжителен долг да ве поздравиме со триумфот на правдата – со воскресението на слободата и во нашиот град Охрид, присоединет кон мајка Бугарија. Честита да ни биде, и за вечни времина. Амин!

Како што ја упатуваме пред Св. Климент нашата огромна благодарност за подарената божествена справедливост, која што изгреа над Бугарскиот народ, ние го молиме Бог, така што денешните и идните наши поколенија и народот да бидат достојни творци за величието на единствена, моќна Бугарска држава во нејзините народносни, историски, стопански и географски граници.

Да остане на вечни времина Бугарската држава!”

ЕДНО ПОСЛАНИЕ, „Илустрација Илинден“, 1941 г.

Слични Објави