|

Одбележуваме 85 години од смртта на видниот револуционер и мемоарист на ВМОРО Христо Силјанов

На 26-ти септември 1939 г. во Софија умира поетот, историчар и мемоарист, виден револуционер на ВМОРО – ХРИСТО ИВАНОВ СИЛЈАНОВ.

Тој е роден на 28-ми мај 1880 г. во Цариград. Татко му е од Охрид и тој рано се преселува во престолнината на Османската империја. Учел во Бугарската гимназија во Солун, а после се префрла во Бугарската гимназија во Битола, каде се присоединува на ВМОРО. Извесно време бил егзархиски учител во Прилеп и во Лерин, од каде во 1902 г. преминува во илегала и пристапува во четата на Марко Лерински. За време на Илинденско-Преображенското востание се наоѓа во Одринско во четата на Михаил Герџиков, како заменик војвода и учествува во борбите за ослободување на Царево и Ахтопол. По задушувањето на востанието заминува за Софија. Во 1907 г. дипломира историски науки на Софискиот универзитет, а потоа докторирал во Швајцарија. Во 1908 г. е дополнителен член на задграничното претставништво на ЦК на ВМОРО. Во спорот меѓу левото и десното течение во ослободителното движење тој ги поддржува централистичките сфаќања и е симпатизер на десницата. За време на Балканските војни Силјанов е начело на чета кај војводата Васил Чекаларов во Македоно-одринското ополчение во Бугарската војска. За време на Првата светска војна во март 1916 г. е уапсен и осуден на доживотен затвор за шпиунирање во полза на Русија. Кон крајот на 1918 г. е ослободен. По војните живее во Софија и се занимава со новинарска и публицистичка дејност. Во 1923 година тој е еден од основачите и уредник на Македонскиот научен институт во Софија.

“Испреплетена со своите подвизи и со својата крв великата илинденска епопеја, која го прослави во целиот свет, после жестокото задушување на востанието Бугаринот во Македонија беше подвргнат на прогонства нечуени по својата жестокост. Од 1904 год. потоа Срби и Грци во сојуз со Турци со сите свои сили се нафрлија врз востанатиот роб со намера да го сломат конечно, да го кутнат мртов на земјата и врз неговиот гроб да го заиграт своето јудино оро.

Верата, восхитот и самопожртвуваноста, меѓутоа ја создадоа од македонскиот Бугарин гранитната карпа, која опстоја на сите тешкотии и од која се разбија сите напади кои идеа од север и од југ и Бугарскот дух се наложи и опстоја до крај и покрај сите тешкотии и жртви: Илинденскиот подвиг е не само највишата пројава на боречкото напрегање во Македонија – тој е изкупителниот долг на целиот стремеж на Бугаринот кон слобода, пројавуван на секои 3-4 десетлетија во периодот на неговото робство од разни краишта на поробената земја…“

ОСЛОБОДИТЕЛНИТЕ БОРБИ НА МАКЕДОНИЈА, 1933 г.

“Бугарската црква има зад себе си илјадагодишно минато. Таа е онаа внатрешна суштина, преку која од разните словенски племина беше формиран првиот словенски народ на Балканот. Таа е нескршливото упориште на националната држава, приемник на Бугарската државност и пазителка на народното сознание низ темните епохи на политичкото робство. Словенската писменост и старобугарската книжнина – мајка на книжнината во другите словенски земји – се рожби на новиот верски култ кај покрстените Бугари. Од Св. Климент, чие име е сврзано со почетниот разцвет на Бугарската книжнина и со првиот напор за масовна просвета сред Бугарите, до Евтимиј Трновски, кој го олицетворува блескавиот залез на Бугарската книжнина и мачеништвото на народот под јаремот на турскиот завојувач; од Паисиј Хилендарски и продолжителите на неговото дело до заточените Бугарски владици низ црковната борба во Цариград, до солунскиот архимандрит Евлогиј (Светиев), кој во 1913 г. ја најде својата смрт во длабините на Бело море и до дебарскиот митрополит Козма, кој откажа да се раздели од својата епархија и угасна од голема жал заточен во манастир, е нацртан низ вековите светлиот пат на Бугарската народна црква.”

ЦРКВАТА И НЕЈЗИНИТЕ ЗАДАЧИ, 1937 г.



Слични Објави