| |

Одбележуваме 90 години од убиството на познатиот револуционер на ВМРО Панчо Тодоров

На 26 март 1933 г. е убиeн познатиот револуционер на ВМРО – Панчо Јосифов Тодоров, роден 1889 г. во Штип. После установувањето на србскиот режим е мобилизиран во армијата, но учествува во инцидентот во Крагуевац, во 1914 г., после кое мнозина од присилно земените регрути од Македонија се жестоко измачувани, а стотици изчезнале без трага. Тој покасно пребегнува во Бугарија и учествува во обновувањето на ВМРО од Тодор Александров. Се населува во Хасково, каде е председател на месното здружение на Сојузот на македонските емигрантски организации. Застанува на страната на Иван Михајлов, заради што подоцна е убиен од припадници на протогеровистичкото крило.

“Во денот кога требаше да полагаме клетва, на определеното место – во касарната, беше дојдено целото граѓанство на Крагуевац. Кралот не дојде. Генерал Калафатрович ни одржа реч, во која истакна, дека ние македонците, уште од пред многу векови сме биле Срби. Сите слушавме молчаливо, без никој да му возврати. После него говореше владиката и направи водосвет. Но токму почна да ги изрекува зборовите: „Се закoлнувам во името на кралот, дека ќе служам чесно и верно на Татковината“ и сл., уште не произнесе никаков збор, после еден миг молчење, штипјани, како што бевме наредени во едно одделение, едонодушно извикавме “Не ја примаме заклетвата”. Нашите зборови се подигнаа од останатите одделенија и така непрекинато сите регрути, 1000 души, викавме “Не ја примаме заклетвата”. По едно време од спротивната страна се слушна грмогласно УРА, а после тоа сите во едно грло викавме УРА, „Да живее цар Фердинанд“, „Да живее Бугарскиот народ“, „Да живее Македонија“.

“Бунтот во Крагуевац на младите Бугари од Македонија земени да служат во србската армија”, Страхил Топуков од Кратово



Слични Објави