СРЕДБА СО СТУДЕНТИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО ВЕЛИКО ТРНОВО

//

Почитувани,

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со шест студенти од Универзитетот „Кирил и Методиј” во Велико Трново во својот кабинет. Преку програмата Еразмус за практична програма, студентите од Велико Трново во наредните два месеци ќе претстојуваат во општина Штип како резултат на добрата соработка помеѓу Совет на Млади на Општина Штип и Студентскиот Совет при Универзитетот „Кирил и Методиј” во Велико Трново.

На овој состанок присуствуваа и Претседателката на Совет на Млади во Општина Штип, Викторија Кукушев, директорот на Дом на Млади, Горан Трајков и директорката на Центар за социјални работи Штип, Сузана Цветкова.

Четири од студентите ќе бидат ангажирани во Дом на млади, а двајца во Центарот за социјални работи.



Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на студентите им посака топло добредојде и им посака убав престој во општина Штип.



Претходна статија

ЗАПОЧНУВА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ИПА ПРОЕКТОТ „СИМБИОЗА“

Следна статија

ВКУСЕН ПИЈАЛАК СО ВОДА КОЈ ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ДА ГО ПРОЧИСТИТЕ ТЕЛОТО ОД ТОКСИНИТЕ

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,