|

Одбележуваме 92 години од убиството на видниот просветен и општествен деец Димитар Василев Михајлов

На 16-ти мај 1932 г. во Софија е убиен видниот просветен и обштествен деец ДИМИТАР ВАСИЛЕВ МИХАЈЛОВ.

Роден е 1873 г. во Битола во семејство со потекло од леринското село Пътеле. Завршил гимназија во Битола, а потоа филологија на Софискиот универзитет. Во Минхен специјализирал класична филологија и византологија. После тоа работел како учител во софиска машка гимназија, а потоа во женска гимназија. Учителствал 20 години во Софиската духовна академија, а после тоа бил секретар на Бугарската екзархија и инспектор на Бугарските училишта во Турција. Една година предавал грчки јазик на Воената академија во Софија. За време на Балканската војна е доброволец во Македоно-одринското ополчение во Бугарската војска. На основачкиот собор на македонските бежански братства во Софија, Д. Михајлов е представник на Битолското братство и е избран за подпредседател на Изполнителниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации. Комитетот изпраќа во февруари 1919 г. до Паризката мировна конференција „Мемоар“, во кое се бара присоединување на Македонија кон Бугарија или, ако тоа е невозможно – Самостојна Македонија под покровителството на Великите сили. Од почетокот на 1932 г. е лектор по старогрчки јазик на Софискиот универзитет и председател на Македонскиот национален комитет.

Д. Михајлов е убиен од деец на протогеровистичкото крило во ВМРО.

“Векови изминаа, откако македонските Бугари се борат и копнеат, за да го постигнат својот народен идеал и сега, исправени пред семоќниот меѓународен суд, кој што нели ќе го реши судбоносното прашање за нивното ослободување, тие преживуват денови на невидена возбуда, треперливи надежи и мрачни сомненија.

Сите крвави борби на македонските Бугари низ последните три десетилетија до 1912 г. главно се водеа, за да се предизвика вмешувањето на Европските Велики Сили, подписнички на Берлинскиот договор, та да се поправи неправдата, која што со тој договор беше сторена, така што да им се гарантира целосен слободен живот.

Најпосле, бугарскиот карактер на Македонија се докажва и од фактот, дека македонското население начело со Внатрешната Револуционера Организација, а истото и македонската емиграција во Бугарија дејствувале и во своит усни и писмени декларации недвосмилено изјавиле, дека пред секаква делба предпочитат автономијата на Македонија под гаранцијата на Великите сили. Дури и сега, след толку војни и жртви, има гласови, кои што од страв да не би делови од нашата родина да попаднат под грчка и србска власт, се враќат пак кон старата идеја за автономијата на Македонија. Наопаку, Грци и Срби секогаш биле против принципот на автономијата и секогаш само тие го подигале прашањето за делба на Македонија. Тоа нивно поведение неволно напомнува сосема на еднаквото поведение на лажливата мајка при Соломоновиот суд за оспоруваното од неа туѓо дете.

Од приведените до тука многубројни и неоспорни податоци се гледа, дека Македонија представува една географска и етнографска целост…

Големото мнозинство од населението во Македонија е од Бугарска народност. Грците на југ, Албанците на запад и Турците, распрснати како отделни оази во целата земја, представуват од себе си една инфлитрација, без да го изменат обштиот етнографски карактер на областта, како што тоа нагледно се гледа од приложената етнографска карта.

Ако, покрај нашето очекување, сите тие гореизложени аргументи не се достаточи да ги убедат по најнесомнен начин меродавните фактори врз вистинскиот национален карактер на таа многустрадална земја, ние Ве молиме да наредите, согласно принципот за самоопредлбата на народите да се направи референдум на македонското население при непроменети услови…”

МЕМОАР НА ИСПОЛНИТЕЛНИОТ КОМИТЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕМИГРАНТСКИ БРАТСТВА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МИРОВНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПАРИЗ, 1919 г.

Слични Објави