| |

Одбележуваме 95 години од почетокот на Студентскиот процес против ММТРО во Скопје

На денешен ден во 1927 г. после жестоки измачувања започнува монтираниот студентски процес во Скопје, против 20 револиционери на ММТРО: Димитар Ѓузелов, Борис Андреев, Петар Хаџипанзов, Георги Хаџиманев, Штерјо Боздов, Димитар Чкатров, Харалампи Фукаров, Кирил Кузманов, Кирил Вангелов, Кирил Караџов, Емануил Чучков, Тодор Гичев, Благој Монев, Тодор Христов, Христо Хаџикимов, Борис Светиев, Јордан Сапунџиев, Димитар Нецев и Иван Шопов.

Хрватскиот адвокат Анте Павелич се става во улога на одбрана на студентите. Процесот завршува на 10 декември со драконски изречени пресуди.

За време на процесот по улиците на Скопје се испишани графити: „Срби, одете си во Шумадија!“ и „Македонија е бугарска!“ Како резултат на процесот, следната година Мара Бунева го убива Велимир Прелич, главниот обвнител на делото.

“Ние го молиме Обштеството на народите да ги анкетира последните србски жестокости, масовно извршени над нашата академска младеж, и да го каже својот тежок збор – крвавите палачи од Белград да престанат да го играт своето јудино оро над совеста на македонската младеж, само зашто тие се чувствуват за Бугари и сакат да се запази со тоа своето национално чувство, со кое се родиле“, стои во меморандумот на Македонскиот женски сојуз на Бугарија до Обштеството на народите од истата година.

Слични Објави