ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА АДВОКАТИТЕ, ТАРГЕТ-ТВРДИНА НЕ СЕ ЗАПИРА
Судечкиот совет го одби барањето на адвокатите на обвинетите за запирање на постапката за предметот „Таргет -Тврдина” како неосновано иденешното рочиште продолжи со сослужување на сведокот Зоран Верушевски, јавува Канал 5.
Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски на судењето во Кривичниот суд појасни дека законот на СЈО е во правна сила до 2020 година со што само СЈО може да води постапки за кривични дела кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
„Согласно законот на СЈО само специјалниот јавен обвинител е овластен тужител“, рече Шврговски.

