|

Одбиено барањето за изземање на судиите во случајот „Титаник“

Претседателот на судот Иван Џолев го одби барањето на адвокатот Еленко Миланов, за изземање на судскиот совет, судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев, како и судиите поротници во случајот “Титаник”.

До претседателот на судот, судскиот совет од овој предмет поднел барање за определување на еден или повеќе судии и поротници како замена во случај на попреченост на главните судии. Поради ова судијата Осман Шабани даде пауза од 15 минути.

Во овој предмет на СЈО обвинети се поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протугер, поранешниот генерален секретар на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, и уште петнаесетина други лица.

Слични Објави